Најавен електричен Bentley
Прва луксузна марка на струја
објавено 6. ноември 2020
Како ќе го изведе вчера објавениот план не се знае, но на презентирањето на новата стратегија Beyond100 раководството на Bentley Motors беше повеќе од самоуверено. Како и да не биде кога подршка има од матицата и сопственикот VW чиј прв човек Херберт Дис неодамна изјави дека моторите на внатрешно согорување треба во догледно време да се исфрлат од производство и да се сменат со оние што немаат емисија на издувни гасови! На тоа се однесува и новиот план на ”летечкото Б”. Од најголем светски производител на 12 цилиндерски бензински мотори за само една декада треба да се трансформира во марка со модели без мотори на внатрешно согорување! Планот се однесува на потполна трансофмацијска програма на целото производство и продуктите со што се планира да до 2026 година се понудат плаг-ин хибриди или електрични возила со батерија за да во 2030-тата во понудата на Bentley да останат само потполно електрични возила. Првиот чекор е веќе се остварува со трансформацијата на целата фабрика во Кру стара 80 години во место на производство без емисија на јаглерод што ќе ја направи единствена луксузна марка во светот! За тоа се инсталирани 30.000 соларни панели кои обезбедуваат извор на обновлива енергија. Околу автомобилите превземена е обврската да до 2023 г. се пласира првиот хибриден модел додека две години подоцна треба да се претстави потполно електричниот Bentley што е силна определба кон мобилност со нулта емисија на штетни материи. Електричната иднина на Benley е претставена преку концепт автомобилот ЕХР 100 GT чија бројка го означува сто годишното постоење на марката.



