BAIC – Нов член на Премиум Брендс

Премиум Брендс, кај нас позната како долгогодишен застапник на Kia и Volvo, сега на листата го додаде кинескиот BAIC.

Од вчера македонската автомобилска сцена стана побогата за уште еден кинески производител. Кај нас не доволно афирмирана, оваа кинеска компанија постои од 1958 година и во своето произвоствено портфолио бележи 36 милиони возила.

Екипата на Премиум Брендс не го крие задоволството што ја доби довербата да застапува ваква марка бидејќи таа по ништо не заостанува од добро етаблираните модели присутни на нашиот пазар. Соработката штотуку започна, но таа секојдневно ќе се надоградува.

Искуството кое го има Премиум Брендс во своето повеќе од две децениско успешно работење на нашиот пазар е пресликано и во пристапот кон BAIC. Сакајќи на купувачите да им обезбедат потполна услуга и развивање на довербата, покрај продажбата на интересните модели на кинескиот гигант, веќе од самиот почеток обезбедена е темелна логистичка подршка.

Од Премиум Брендс истакнуваат дека нашите купувачи воглавно се скептични кон возилата што доаѓаат од Кина, пред се заради поддршката со резервни делови. Токму поради тоа обезбеден е сервисен центар за возилата на BAIC и залиха на резервни делови која ќе им пружи потполна сатисфакција на купувачите.

На нашиот пазар веќе се нудат неколку модели кои веќе се изложени во новиот центар на ул. Перо Наков. Пред сѐ, тоа се популарните кросовери. BAIC ги има неколку, а тоа се X35, X55, X75 и предизвикувачкиот BJ30.

За љубителите на електричните возила понуден е седанот EU5. Од нас искрени честитки за почетокот на работењето. Наскоро возилата на BAIC ќе ги имаме на тест, па ќе можеме да ги пренесеме импресиите од нивното возење.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER