Авто Магазин – Сезона 25 Епизода 39

- Top News Видео Епизоди

Авто Магазин – Сезона 25 Епизода 39
» Не одат сите модели на струја! Со освежувањето на Х3 и Х4 баварците повторно ги слават октаните!
» Втората генерација на најпродаваниот модел на Lexus во Европа не носи дизајнерски пресврти, но опременоста му е на висина на задачата. Ова е првиот модел на марката опремен со плагин технологија.
» Кога еден теренец опстанува седум децении на сите меридијани и напоредници, новата генерација на Toyota Land Cruiser, колку и да е неиновативно дизајнирана, побудува големо внимание.
» Од аферата „Дизелгејт“ VW изгуби многу пари. Сега се бара отштета од тогашните менаџери.
» Плаќањето на услугите поврзани со возилата ќе станат многу по едноставни со програмата на Parkopedia.
» Лет на две тркала со KTM 1290 Super Duke RR
» Синиот овал“ во Америка се откажа од седаните, но затоа на големо ги бутка спортско-корисните возила и пикапите. Најновиот Maverick е корисен и евтин!
» Поминаа 60 години од појавувањето на легендарниот Renault 4. Погледнете ја интересната приказна за овој модел
» Кралот останува на Трoнот! Само една недела по претставувањето и прогласувањето на електричната Rimac Nevera за најбрзиот хипер автомобил на светот Bugatti го најави Chiron Super Sport
» Кога автомобилот на Rolls Royce чини 20 милиони фунти колку ли чини часовникот што доаѓа со него?