Авто Магазин сезона 25 епизода 19

- Top News Видео Епизоди
Авто Магазин – Сезона 25 Епизода 19
» Трета лимитирана серија на култниот моторцикл наликува на забрефтана локомотива.
» Стариот континент ќе се опоравува од падот на проодажбата предизвикан од пандемијата со електрификација.
» Третото од најавените десет електрични возила на Mercedes се вика EQA и барем засега е најмалиот модел во електричната гама од Штутгард.
» ‘Vehicle to Vehicle’ е стара идеја за автоматска комуникација помеѓу возилата која Ford ја реанимира заедно со уште неколку марки. Дали ќе заживее автомобилскиот Facebook?
» Stellantis сега раководи со 14 бренда од кои неколку со неперспективни резултати, сепак Таварес пресече и на сите ќе им даде шанса.
» Слоганот на Audi кој што е стар пет децении е сѐ уште актуелен.
» Во Европа крал, во Америка само уште еден од многуте. Затоа VW му подготви спортски пакети специјално за таму. Верзиите GTI и R ексклузивно за ”земјата на слободните”!
» По разделбата со Opel, одредени модели на GM ќе ја продолжат својата кариера само во САД. Еден од нив е Buick Envision.
» Поминувајќи одлично на кинескиот пазар Taycan со погон само на задните тркала доаѓа во Европа. Тој ќе биде најевтин во понудата со влезна цена нешто повисока од 80.000 евра.
» Smart забележа катастрофални резултати минатата година. Смета дека излезот е во електричен кросовер.
» Американците имаат детални статистики за сѐ и сешто, па и за лојаноста на купувачите кон автомобилските марки. Погледнете кој господари со срцата на купувачите.