Светската економија е на стаклени нозе, каматите пораснаа, државите ги укинуваат субвенциите за електричните возила. Сето тоа се одразува на автомобилската индустрија која се уште ги чувствува последиците од пандемијата и неможе да ги достигне бројките на продажба од 2019 година. Затоа пак луксузните производи се продаваат како алва. Денеска нив ќе ги имаме во изобилие, нема да ги купуваме ама барем ќе им се изнагледаме. Еден таков автомобил доживеа македонска премиера, Porsche Tycan. Секако дека ќе имаме и приземни возила кои, исто така, ни стануваат недостижни. Почнува уште едно патешествие по автомобилските меридијани.
Бидете информирани
Добивајте информации за сите новости од Авто Магазин
Menu