Automobili Estrema – Fulminea

насловна Поглед во иднината

1,5 Мегавати под хауба!

Сила и цена еднаква на една мини електрична централа…

објавено 17. мај 2021

Компанијата Automobili Estrema е формирана лани и веќе го рпезентира својот прв електричен хипер автомобил. Под покривот на легендарниот музеј на автомобили во Торино одржана е конференција за новинарите каде шефот на компанијата Џанфранко Пизуто и извршниот директор Роберто Оливо ги објаснија своите планови.

Тие го најавија двоседот за втората половина на 2023 година и без малку двоумење ја објавија цената. Fulminea ќе чини 1.961.000 евра и ќе се направат точно 61 примерок затоа што тоа е среќен број и година на раѓање на Пизуто. Хипер автомобилот ќе има врвна иновативната технологија на батерии која ја нарекоа „хибридна“ бидејќи се обединуваат цврсти ќелии и таканаречени ултра кондензатори. И покрај досегот од 520 километри во WLTP циклусот, батериите треба да тежат околу 300 килограми.

Покрај тоа, системот на батерии треба да биде „исклучително безбеден“ затоа што за разлика од литиум-јонските батерии што ги користат други производители, овој систем не е запалив. Во секој случај, возачката изведба на четири-моторното возило со погон на сите четири тркала е импресивна: спринтот од 0 до 100 км/ч се заокружува за околу 2 секунди, а 320 км/ч се достигнуваат за 10 секунди! Крајната брзина треба да достигне 350 км/ч каде е електронски ограничена. Според извршниот директор Оливо, компанијата не е заинтересирана да учествува во лов на рекорди, туку се фокусирани на иновативни елементи, како на пример футуристички елементи за осветлување или систем на скриено отворање, чија функција ќе му биде позната само на сопственикот. Компанијата со седиште во Мерано, исто така, не е заинтересирана да настапува на саеми и големи настани. Планот е да се продадат по 20 автомобили годишносо директна продажба лице в лице. Fulminea ја дизајнира Александар Клат, кој своевремено работел за американскиот производител Fisker. Fulminea во никој случај не треба да остане единствениот модел на марката и се планираат уште изненадувања.