AUTOBEST ULTIMATE TEST

Заврши тестирањето на финалистите за наградата Best Buy Car of Europe за 2025 година

Членовите на AUTOBEST жирито, составено од претставници на 31 европска држава, ги застапуваат интересите на повеќе од 665 милиони корисници на автомобили низ Европа.

Тие го спроведуваат годинешниот ULTIMATE ТЕЅТ за да одлучат кој ќе ја понесе титулата Best Buy Car of Europe за 2025 година.

Уникатниот начин на тестирање, и во сообраќај и на полигонот ÖAMTC во Теесдорф, јужно од Виена и годинава се применува на финалистите Citroen C3, Dacia Duster, MG3, Opel/Vauxhall Frontera и Renault Symbioz.

Претставниците на секоја држава, со цел објективно да ги оценaт петте финалисти преку единствена матрица од 13 критериуми, го тестираат секој автомобил.

Процесот на гласање е целосно транспарентен со матрицата која ги зема во предвид еволуцијата на автомобилската индустрија кон зголемено присуство на автономни технологии, поеколошки погонски единици и поголеми услуги поврзани во автомобилот.

Секако во предвид се земаат и „традиционалните“ критериуми поврзани со дизајнот, управувањето, возните својства, погодноста за секојдневна употреба, функционалност, цена и цена на сопственост.

„Мисијата AUTOBEST е да ги информира, советува и води корисниците на автомобили кога станува збор за подобро користење на нивниот автомобил и избор на ново возило“, рече Претседателот на AUTOBEST, Ден Варди.

„За да го избере Best Buy Car of Europe за 2025 година, сите 30 членови се собираат заедно во тек на два многу тешки дена темелно да ги тестираат финалистите што ги избрале заедно.“

По AUTOBEST Ultimate Test во Австрија, членовите на AUTOBEST жирито ќе гласаат, а кој автомобил собрал најмногу поени и ја освоил тутулата Best Buy Car of Europe за 2025 година, ќе се објави околу 15-ти декември, почитувајќи ја традицијата од последните 24 години.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER