AUTOBEST – ECOBEST Challenge

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin

Вистината е малку поинаква…

Autobest ги објави резултатите од првиот тест на реалната автономија во сообраќајот на големосериските електрични автомобили!

Во тестот што се одржа од 4 до 6 ноември 2021 година во Тераса, на дофат на Барселона, учествуваа 15-те најпродавани електрични модели на европскиот пазар. Беа застапени повеќе марки како Volkswagen, Cupra, Nissan, Dacia, Renault, Honda, Mazda, Fiat, Opel, Peugeot, Citroen, Kia и Hyundai, кои постигнаа до 90% од автономијата според WLTP нормите во реални услови, покажувајќи дека можат да поминат и до 37,8 km и откако индикаторот за наполнетоста на батериите ќе покаже нула!

Објавувањето на финалните резултати на „ECOBEST Challenge – електрифициран од VinFast“ беше на виртуелен настан со учество на организацискиот комитет на AUTOBEST и претставници на спонзорот VinFast, во присуство на десетици престижни медиумски претставништва од Европа. Според резултатите сите тестирани автомобили покажаа повеќе од 75% реална автономија од наведената според WLTP нормите. Тие се стандард развиен од Европската унија кој овозможува проценка на енергетската ефикасност на бензинските, дизел, електричните и хибридните возила. Конкретно, 5 од 15-те автомобили постигнаа повеќе од 90% од автономијата според WLTP. Тестовите беа организирани независно со конзистентен метод за сите возила. Според оценката на организацискиот комитет на AUTOBEST и жирито кои вклучуваа експерти од 32 земји од Европа, финалните резултати претставуваат добро просечно ниво, доста релевантен показател за сите електрични автомобили на тестот. Сите резултати од тестот ќе бидат објавени низ Европа и ќе им послужат на возачите како цврста реална основа за нивно одлучување.

Жоан Далмау, автор од coches.net и шпански член на AUTOBEST жирито, објасни: „Бевме изненадени од некои автомобили кои постигнаа реална автономија блиска до WLTP бројките. Реалната автономија добиена на тестот покажува дека електричните возила станаа совршена алтернатива за урбаните средини“. Конкретно, информацијата која најмногу ги интересира возачите е капацитетот на батериите, кој покажа позитивни резултати. Сите модели беа возени на различни патишта и сообраќајни услови со секојдневен стил на возење, сé додека индикаторот за наполнетоста на нивните батериите не покажа 0%. Кај сите 15 тестирани автомобили останаа помеѓу 14 и 37,8 километри реална автономија, што на сите луѓе кои возат електрични возила им овозможува неверојатна релаксираност. Сепак, AUTOBEST препорачува ова да се чува како стратешка резерва и подобро е никогаш да не се доаѓа во ситуација да се користи.

„Веруваме дека ECOBEST Challenge е огромен чекор напред во разбирањето на реалноста за користењето електрични возила. Со овие единствени бројки за реалната автономија после покажувањето на „нула батерија“, сакаме да испратиме јасна порака дека електричните возила сé уште можат да продолжат да возат и откако официјално ќе известат дека веќе не можат да се движат. Во AUTOBEST сме убедени дека до 2025 година ќе имаме автомобили кои лесно ќе достигнуваат повеќе од 10-12 km/kWh од батериите“, рече Дан Варди, основач и претседател на AUTOBEST.

 

За соработката со AUTOBEST, VinFast – компанија за паметни електрични возила од Виетнам, рече дека ова е една од нејзините глобални стратешки активности, потврдувајќи ја својата внимателна и методична инвестиција на полето на електричните возила. Бич Трен, извршен директор на VinFast Europe, додаде: „Штотуку претставивме два нови SUV модела на салонот на автомобилите во Лос Анџелес и го лансиравме VinFast како глобален бренд за електрични возила. Заедничката организацијата на „ECOBEST Challenge – електрифициран од VinFast“ е исто така дел од нашата стратегија кон дефинирање на иднината на мобилноста кон која се стремиме. Преку ECOBEST Challenge, VinFast со нетрпение очекува да им се придружи на другите производители на електрични возила за промовирање на транзицијата од возила со мотори со внатрешно согорување кон електричните возила, давајќи им на купувачите транспарентни информации кои поттикнуваат на размислување“. Се очекува VinFast да ги лансира двата електрични SUV модела VF e35 и VF e36 во Европа во 2022 година, почнувајќи од германскиот, францускиот и холандскиот пазар. Овие два модела штотуку беа лансирани на американскиот пазар на салонот на автомобилите во Лос Анџелес, оставајќи силен впечаток кај глобалната публика.

Технички детали и толкувањата на резултатите

модел мотор батерии автономија Eco C1 индекс потрошувачка Eco C2 индекс резервна автономија
A-сегмент kW нето WLTP реално   реално km/kWh km
Dacia Spring Comfort plus 45 33 26,8 224 221,03 98,67% 12,1 kWh 8,25 31,0
Fiat 500e Passion 87 kw 87 37,3 320 265,46 82,96% 14,7 kWh 7,12 22,8
Honda e Advance 113 kw 113 28,5 222 174,18 78,46% 16,3 kWh 6,11 31,8
B-сегмент
Hyundai Kona 150 kw 150 64 484 446,64 92,28% 14,3 kWh 6,98 18,5
Renault Zoe 50 kw 100 52 389 334,22 85,92% 15,5 kWh 6,43 26,9
Opel Corsa-e Edition 100 45 315 284,11 90,19% 15,8 kWh 6,31 17,5
Peugeot e-208 GT line 100 45 340 269,67 79,31% 16,6 kWh 5,99 18,2
Opel Mokka-e GSi line 100 45 324 260,37 80,36% 17,3 kWh 5,79 17,9
Peugeot e-2008 GT line 100 45 322 255,62 79,39% 17,6 kWh 5,68 17,2
C-сегмент
Nissan Leaf 62 tekna 160 56 385 311,06 80,79% 18,0 kWh 5,55 37,8
Kia e-Niro 64 drive 150 64 455 433,35 95,24% 14,7 kWh 6,77 16,3
Mazda MX-30 Origin 107 30 200 183,32 91,66% 16,3 kWh 6,11 18,1
Citroën e-C4 Feel 100 45 352 262,54 74,59% 17,1 kWh 5,83 18,2
Cupra Born 150 kw 150 58 424 339,11 79,98% 17,1 kWh 5,85 14,0
VW ID.3 58 kwh first ed 107 58 421 338,53 80,41% 17,1 kWh 5,84 14,0

 

модел батерии моќност на полнење цена во Шпанија реална автономија наполнето Eco C3 индекс
A-сегмент бруто нето AC DC km kWh
Dacia Spring Comfort plus 45 27,4 26,8 6,6 30 18.420 221,03 32,41 20,9%
Fiat 500e Passion 87 kw 42 37,3 11 50 27.400 265,46 42,24 13,2%
Honda e Advance 113 kw 35,5 28,5 22 100 37.390 174,18 36,23 27,1%
B-сегмент
Hyundai Kona 150 kw 67,5 64 7,4 100 39.650 446,64 73,33 14,6%
Renault Zoe 50 kw 54,7 52 22 50 33.535 334,22 63,12 21,4%
Opel Corsa-e Edition 50 45 11 100 28.990 284,11 50,40 12,0%
Peugeot e-208 GT line 50 45 11 100 29.950 269,67 50,93 13,2%
Opel Mokka-e GSi line 50 45 11 100 35.400 260,37 54,66 21,5%
Peugeot e-2008 GT line 50 45 11 100 33.250 255,62 50,77 12,8%
C-сегмент
Nissan Leaf 62 tekna 62 56 6,6 100 37.770 311,06 66,94 19,5%
Kia e-Niro 64 drive 67,5 64 7 100 38.410 433,35 71,51 11,7%
Mazda MX-30 Origin 35,5 30 6,6 50 33.165 183,32 35,60 18,7%
Citroën e-C4 Feel 50 45 11 100 33.270 262,54 50,13 11,4%
Cupra Born 150 kw 62 58 11 100 37.400 339,11 64,85 11,8%
VW ID.3 58 kwh first ed 62 58 11 100 36.800 338,53 61,41 5,9%

 

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 92.00ден
  • еуросупер 98 - 94.00ден
  • еуродизел Д5 - 86.00ден
  • течен нафтен гас - 51.00ден
  • метан - 108.50ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER