Среќната добитничка Даниела Зудхис од Бад Лаер, Германија, ги доби клучевите од возилото што го освои како награда во AutoBest Conquest гласањето
Она што го направи годинешниот AutoBest Conquest натпревар навистина уникатен беше елементот на изненадување. Стотици илјади европски корисници на автомобили од 32-те земји-членки на жирито учествуваа во гласањето избирајќи го својот омилен финалист без да знаат кој модел на крајот ќе ја освои титулата Best Buy Car of Europe 2026 или кое возило на крајот би можеле да го освојат како награда. Иницијативата, исто така, предизвика извонреден меѓународен интерес со активно учество регистрирано во уште 28 земји надвор од Европа – од Азија, Јужна Америка, Блискиот Исток и Африка.
За време на шоуто, во живо, емитувано на 28 март 2026 година и победничкото возило – Renault 4 E-Tech Electric и среќната добитничка Даниела Зудхис беа претставени на публиката низ цела Европа. Примајќи ги клучевите од своето ново возило таа рече дека да се освои Renault 4 е фантастично чувство. Возилото го комбинира иконскиот статус со модерната електрична мобилност и совршено се вклопува во мојот секојдневен живот. Возилото го предаде Флоријан Крафт, извршен директор на Renault Deutschland AG. Сложувајќи се со среќната добитничка, тој изјави дека Renault 4 E-Tech Electric совршено го отелотворува успешниот спој на наследство и иновации. На победничката и посакуваме многу електрични и пред сé, незаборавни километри со нејзиниот нов автомобил. На специјалната церемонија на предавањето на клучевите присуствуваше и Ахим Штан, член на жирито на AutoBest кој ја претставува Германија.
Првото издание на AutoBest Conquest воведе сосема нов концепт во европскиот автомобилски пејсаж. За прв пат во историјата на AutoBest наградите европската јавност одигра одлучувачка улога во изборот на победникот, при што нивните гласови претставуваа 50% од конечниот резултат, заедно со гласовите на жирито на AutoBest кое брои 31 член. Дан Варди, основач и претседател на AutoBest коментираше: „Кога го лансиравме првото издание на AutoBest Conquest им ветивме на европските корисници на автомобили: дека еден од нив ќе го вози дома победничкиот автомобил. Денес, со гордост можеме да кажеме дека го исполнивме тоа ветување. Би сакал да ја изразам мојата најдлабока благодарност до целиот тим на Renault за нивната извонредна соработка и посветеност во текот на овој процес. И, секако, честитки, Даниела! Ти посакуваме многу безбедни, незаборавни и пријатни патувања со твојот нов Renault 4 E-Tech Electric!”



