AUTOBEST ги лансира анимираните ликови „Miss A & Mr B“
За прв пат во историјата на AUTOBEST и исто така светска премиера кај автомобилските медиуми
Објавено на 3 февруари 2020 година
По повод AUTOBEST Awards Gala манифестацијата која ќе се одржи во Мајнц, Германија, на 13 февруари 2020 година, AUTOBEST организацијата има чест да ве запознае со анимираните ликовите Miss A & Mr B. Mr B е машки лик, произлезен од AutoBest, талентиран автомобилски автор, вешт возач и еколошки свесен човек. Тој е запознаен со тековните настани, има сеопфатна перспектива во автомобилската индустрија и ги следи мегатрендовите за екологијата, поврзаноста, автономните особини и заедничкото делење на користењето на возилата во неа. Тој е смирен европски граѓанин, подготвен да ја разбере иднината на мобилноста и секогаш желен да ги споделува своите новости и откритија за автомобилската индустрија.
Miss A, што е кратенка од Artificial Intelligence, не е ниту човек ниту автомобил, туку паметен часовник со гласовни способности. Тоа е часовникот што Mr B го носи цело време и води дијалог со него градејќи своевидна епска врска. При замислувањето на Miss A, младиот тим аниматори се инспирираа од врвните достигнувања во часовничарската индустрија, која стана партнер на холивудските продуценти – од Џејмс Бонд до Omega на Iron Man и Urwerk.
Miss A и Mr B се ефективен тим и со тек на времето имаат развиено одлична меѓусебна врска. Приказната за нивната релација ќе се одвива за време на целиот гала настан, бидејќи тие ќе ги претстават осумте европски награди – MANBEST, COMPANYBEST, SAFETYBEST, ECOBEST, SMARTBEST, DESIGNBEST, TECHNOBEST, SPORTBEST и победничкиот автомобил на AUTOBEST – Best Buy Car на Европа за 2020 година и новиот член на AUTOBEST Hall of Fame, оскарот на сите автомобилски алеи на славните. Начинот на кој Miss A и Mr B комуницираат е уникатен и дава можност публиката во него да открие интригирачки филмски наратив, но значајно ја прикажува реалноста на нашата индустрија.
„Лансирањето на анимираните ликови Miss A и Mr B претставува досега невиден чекор во глобалните автомобилски медиуми. Со нив ние создаваме нов уметнички универзум кој ни дава бесконечни можности да дојдеме со нова форма на комуникација. Во минатиот век анимираните филмови станаа најприфатената и најпосакуваната форма на визуелна уметност за која било генерација. Секој може да се поистовети со познатите анимирани ликови на Мики Маус, Пајо Паторот, Мишел Ваилант и многу други. Сега започнуваме да создаваме нова сага со Miss A и Mr B кои нé водат во иднина на мобилноста“, рече Ден Варди, основач и претседател на AUTOBEST.
Првиот анимиран филм веќе е достапен на официјалната www.autobest.org веб-страница и Facebook и YouTube каналите. Овој филм ја претставува годинешната локација на доделување на гала наградите, пред самиот настан. За време на самата манифестација Miss A и Mr B ќе бидат важен дел од шоуто за уметничка интерпретација на победниците во секоја категорија. За секоја награда тие ќе настапат со приказна со сопствена интерпретацијата за нејзиното значење. Овие кратки филмови ќе содржат дијалози меѓу Miss A и Mr B, покажувајќи ја на тој начин комплексната врска меѓу ликовите. Нивните релации ја презентираат визијата за интеракција помеѓу луѓето и вештачката интелигенција. Во период кога толку многу филмови ги отсликуваат заканите за луѓето од вештачката интелигенција, нашата анимирана приказна е за градење доверба, развивање на меѓусебниот однос со хумор, самодоверба и меѓусебно ценење. Иако Miss A и Mr B не се вистински пар, тие може да се сметаат за „пар“ на иднината кога вештачката интелигенција и луѓето ќе живеат и работат рака под рака и меѓусебно ќе се поддржуваат за да бидат подобри во секој поглед. Нашите ликови се дел од иднината која сите ја сакаме и се надеваме дека ќе ја доживееме.
Сите анимирани филмови ќе бидат достапни на нашата веб-страница после гала настанот.
Европското AUTOBEST жири им се заблагодарува на читателите од цела Европа за поттикнување на проектот и одговорните одделенија за односи со јавноста на автомобилската индустрија за обезбедување на целата поддршка за организирање средби и тестирања на новите производи.
За AUTOBEST
AutoBest организацијата беше создадена во 2001 година со револуционерен концепт за „Best Buy автомобил“, односно автомобил кој нуди најмногу за својата цена достапен на европскиот пазар. Членовите на жирито претставуваат вкупно 31 европска нација, опфаќајќи огромно 95-процентно мнозинство на европското население кое го издигна AUTOBEST на ниво на најголем независен претставник на автомобилските медиуми во Европа. За еден автомобил да стане AUTOBEST победник мора да претставува најдобра понуда за повеќето европски купувачи. Цената, сервисната мрежа, снабденоста со резервни делови и разновидноста на понудата се најважните критериуми во процесот на гласање. Дизајнот и новите технологии се исто така важни критериуми. При одлучувањето за победникот AUTOBEST жирито користи транспарентен систем на гласање, со сложена шема од 13 критериуми.
Видео


