Suzuki започна да ја крати својата европска гама
Трасирајќи го патот кон електрификацијата, Suzuki подготвува за пензионирање повеќе модели кои се продаваат во Европа. Цената на иднината прв започна да ја плаќа малиот и атрактивен Jimny, кој кога се појави пред шест години беше вистински хит. Но иако однапред распродаден за подолго време, тој на Јапонците им донесе главоболки. Токму неговата голема популарност ја дигаше просечната емисија на јагленород диоксид и за да не плаќа скапи пенали Suzuki мораше со сила да го прави недостапен. Преживеа само со помош на трик – компанијата го хомологираше како комерцијално возило без задни седишта, со преграда во кабината и багажен простор од 863 литри, чии емисии не влегуваат во казнената еколошка математика.
Но сега таков трик нема. За да се простат од него Германците подготвија посебна серија наречена Horizon. Ќе биде понудена во 900 примероци по цена од 32.340 евра, што е десет отсто повеќе од стандардниот модел. Дека е еден од последните примероци на симпатичниот јапонски теренец се препознава по новата маска во благ ретро стил, браникот со маркантна заштитна плоча и слични прагови црните челични тркала. Технички нема никакви промени – за погон е задржан познатиот 1,5 литарски атмосферски мотор со 102 KS, во комбинација со петстепен мануелен менувач.
Suzuki веќе го има потврдено електричниот наследник на Jimny, кој нема така бргу да се појави на пазарот.