Стартот е во 2026 година
– Audi стигна до важна клучна точка на патот до формула 1 – го избра Sauber за свој партнер. Така, швајцарскиот тркачки тим од 2026 година ќе стане фабрички тим на Audi, кој за него ќе ги изработува погонските единици прилагодени на новите правила. Стратешкото партнерство предвидува Audi да стекне и сопственички удел во Sauber, кој за своите триесетина години тркачко искуство стана еден од најреномираните тимови во светот на формула 1. Денес се натпреваруваат под името Alfa Romeo F1 Team Orlen, а возачи им се Валтери Ботас и Гуанју Жу. Audi ќе ги развива погонските единици во својот натпреварувачки центар во Нојбург, Германија, кој ќе биде проширен. Тие ќе се состојат од електромотор, батерии, управувачки систем и мотор со внатрешно согорување и на нивниот развој веќе работат повеќе од 120 луѓе. Sauber ќе ги развива и произведува болидите на својата локација во Хинвил, Швајцарија, а ќе биде одговорен и за планирање и спроведување на тркачките операции.



