Во Audi се подготвуваат за новата стилска револуција најавена есенва со Concept C
Дизајнерските карактеристики на Concept C ја вклучуваат и високата, скоро вертикална маска, и таа ќе стане заштитен знак за сите идни модели.
Потврдата дека ќе биде така стигна од шефот на дизајнерското одделение Масимо Фраскела кој наследувајќи го Марк Лихте својата функција ја презеде на средината на 2024-тата.
Веднаш се зафати со редефинирање на визуелниот идентитет на марката во кој во иднина ќе нема место за трапезоидната singleframe маска која со години го дефинираше изгледот на нивните автомобили.
Таа имаше одлична реакција кај купувачите заради што Concept C беше дочекан со поделени мислења, па дури и потсмев. Но во Audi очигледно имаат други сфаќања и првиот модел со новото стилско изразување ќе биде електричниот наследник на спортскиот ТТ кој се очекува идната година.


