Audi Sport GmbH – Започнува обележувањето на роденденот

40 години на „Црвениот дијамант“

Со 24-часовната трка на Нирбургринг овој викенд (18-21 мај), компанијата од Инголштад ќе ги започне прославите за роденденот

Пред речиси 40 години, на 10 октомври 1983 година, беше основан Quattro GmbH, кој во 2016-та се преименува во Audi Sport GmbH. Денес оваа компанија го карактеризира спортскиот и ексклузивен имиџ на брендот со четирите прстени, а во витрините сместени се над 400 освоени титули во мотоспортот.

Не е изненадувачки што Audi Sport ги започнува своите активности по повод роденденот на патеката Нирбургринг. На овогодинешното издание на 24-часовната трка, четири Audi R8 LMS ќе се натпреваруваат по повод 40-тиот роденден на спортскиот оддел со ретро-дизајн. Со шест вкупни победи досега и три дополнителни победи во класата GT3, Audi е најуспешниот производител во ерата на GT3 на трките на издржливост на „Зелениот пекол“.

Поради тешките карактеристики на патеката, 20.832 метри должина, 73 свиоци и разлики во надморска височина од повеќе од 300 метри, Nordschleife не е само предизвик за моторспорт, туку и индикатор за возилата на Sport GmbH. Секој нов модел R и RS поминува неколку илјади километри на патеката за време на неговата развојна фаза. Audi планира неколку активности за 24-часовниот тркачки викенд.

Највпечатливи ќе бидат изложбата на различни модели од историјата на компанијатакако првата генерација на Audi R8 и RS 4 Avant, сегашниот R8 GT1 и RS 4 Avant2 со натпреварувачки пакет. Друг белег е целосно електричното Audi S1 ​​Hoonitron со кое починатиот Кен Блок во видеото „Electrikhana“ предизвика воодушевување на улиците на Лас Вегас. Непосредно пред 24-часовната трка, гледачите ќе можат да се восхитуваат на моделите со високи перформанси од спортската подружница на Audi кои ќе продефилираат на патеката.

Пред прославувањето на роденденот во  седиштето на Audi Sport во Некарсулм, од 14 јуни јубилејната изложба „Фасцинацијата се среќава со перформансите“ ќе обезбеди речиси целосен преглед на историјата на компанијата од првото возило на тогашниот Quattro GmbH до различните модели од сегашното портфолио на производи. Големото финале на прославата на 40-тиот роденден е закажано за 14-ти октомври во Audi Forum Neckarsulm каде ќе се одржи митинг на љубителите на црвениот дијамант.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER