Audi Q7 » Ново лице и нешто нова техника

Ново лице и нешто нова техника

Audi продолжува да ја обновува својата палета, па така на ред дојде и рестилизацијата на Q7

Објавено на 3 јули 2019 година

Audi Q7 за моделската 2020 година доби освежен стајлинг, при што најмногу се истакнуваат дотераната маска, стандардните ЛЕД светла, изменетите браници, новите тркала и хромираната лајсна што ги поврзува задните светла. Треба да се спомене дека Q7 сега е за 11 mm подолг, а меѓуоскиното растојание остана исто. За внатрешноста се предвидени најновата верзија на MMI инфозабавниот систем со екран од 10,1 инчи и виртуелен кокпит, додека head-up дисплејот е опција. Во понуда ќе се најдат верзии со 5 или 7 седишта, а освен ова Q7 има и управување на сите четири тркала и опционално воздушно ослонување.

Продажбата на обновениот Q7 ќе стартува во септември, со два 3,0 литарски дизели со 231 и 286 KS, како и со бензинец со истата зафатнина и 340 KS. Сите се впарени со 8-степен автоматски менувач и имаат 48 V mild-hybrid систем. Подоцна ќе се појави и plug-in хибридна верзија, како и SQ7 кој ќе го има истиот 4,0 литарски твин-турбо mild-hybrid TDi агрегат со 435 KS и 900 Nm како и Audi SQ8. Оваа верзија ќе се разликува по другата маска, хромираните издувни цевки, 20-инчните тркала и дискови на сопирачките од 400 mm напред и 370 mm назад кои можат да бидат и карбон-керамички.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER