Audi Q6 e-Tron quattro – Премиера во август

По две години одложување на пазарот ќе излезе првиот БЕВ целосно произведен во Инголштат

Кога летните одмори ќе бидат во зенитот, во европските дилерски центри на Audi  ќе се појави Audi Q6 e-Tron quattro. Цели две години се чекаше на овој модел, пред сé поради  софтверските проблеми. Во овој временски период се смени и шефот на компанијата што влијаеше на одложувањето на комерцијализацијата на електричниот кросовер од средна класа.

Судејќи според прикажаното, чекањето вредеше. Q6 e-Tron е електрично возило кое е импресивно во однос на перформансите, капацитетот за полнење и автономијата. Audi има големи очекувања за Q6 e-Tron. Не само што треба да го оживее мотото на марката „Vorsprung durch Technik“ (предност преку технологија), овој модел е првиот електричен модел на баварските мајстори наменет за целата планета. Големи очекувања тие имаат од САД, каде планираат да се продадат околу 40 отсто од произведените примероци. Сепак, состојбите на глобалниот пазар на БЕВ се комплицирани. Евидентна е огромна конкуренција од Западот и Далечниот Исток. Но, барем за конкурентот на Tesla Model Y, BMW iX3 или Nio EL6 е голем чекор во вистинската насока. Новата „Premium Platform Electric“ (PPE) со технологија од 800 волти овозможува широк спектар на перформанси и варијанти на погон, вклучително и за наследниците на A6 Avant и A7.

Тоа влева нов ветер во едрата на „Господарот на прстените“, а се исплатеше и соработката со Porsche, која го изгради Macan Electric на истата платформа. Таквата соработка е оправдана и треба да вроди со плод. Двете компании профитираа од соработката и не се плашат од пазарниот настап. Audi Q6 e-Tron quattro со истите перформанси ќе биде нешто поевтин од неговото височество Posche Macan Electric, но маркетерите не се плашат од тоа. Секоја марка е посебна и се одликува според сопствените квалитети, а купувачи на премиум марки има во изобилие, па за секого има место на пазарот.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER