Електрична реинтерпретација на Quattro

Новиот концепт на Audi плени со својот чистокрвен теренски изглед. Направен е да ја демонстрира електричната ориентација на компанијата, но и да покаже дека легендарниот погон Quattro има светла иднина во електричните модели на „господарот на прстените“.

Како што кажува името како основа послужи Q6 e-tron кој е поставен на новата РРЕ платформа, но направени се детални модификации за да се одговори на предизвикот на теренската експлоатација. Првенствено зголемено е растојанието од тлото за дополнителни 16 сантиметри и тркалата се поисфрлени за 250 милиметри.

Тоа е што може да се види на фотографиите, но тие не откриваат дека се направени дополнителни преработки. Audi Q6 e-tron Offroad Concept има два електрични мотори со комбинирана излезна моќност од 380 kW. За без прекорни теренски перформанси  Audi направи нов дизајн на порталните оски што го зголемуваат комбинираниот вртежен момент.

Портална оска е технологија за суспензија и погон на теренски возила каде полуоската е поместена од центарот на главината на тркалото и каде што погонската моќ се пренесува на секое тркало преку едноставен менувач, вграден на секој центар. Со тоа овозможен е вртежен момент на сите тркала до 13.400 Nm во траење од 10 секунди, сосема доволно да се извлечете од секое теренско сценарио.

Ова ја намалува максималната брзина на возилото на 175 км/ч но му овозможува да се искачи на стрмнини до 45 степени. Audi Q6 e-tron Offroad Concept нема да влезе во производство, но ќе послужи како демонстратор на можните остварувања што ќе може да се имплементираат во новата генерација електрични теренци со четири прстени.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER