Audi – Повторно ги менува ознаките на моделите

Иако тоа веќе го направи пред нешто повеќе од една година, Audi повторно ги редефинира ознаките

Во март 2023 година, Audi ги објави плановите за нова шема за именување на модели за подобро да се разликуваат автомобилите со мотори со внатрешно согорување од електричните возила.

ЕВ требаше да користат парни броеви, додека моделите со мотори со внатрешно согорување требаше да користат непарни броеви. Сега германскиот луксузен бренд се враќа на својата стара стратегија за именување возила.

Во иднина, бројките повторно ќе се однесуваат строго на големината на возилото, а не на типот на погонската единица. За да се разликуваат автомобилите со мотор со внатрешно согорување од целосно електричните модели, ќе биде вклучена една од следниве, добро познати суфикси:

TFSI за бензин, TFSIe за plug-in хибриди, TDI за дизел мотори и e-Tron за електрични модели. За подобра диференцијација, Audi ќе се држи до суфиксите што означуваат тип на каросерија: седан, Avant или Sportback.

Новиот модел на А6 со мотори со внатрешно согорување ќе има премиера на 4-ти март и ќе се нуди заедно со целосно електричниот A6 E-Tron. Во Инголштад ќе продолжат да го користат „A“ за автомобили и „Q“ за кросовери.

Компанијата со четири прстени имаше намера да стане целосно електрична до 2033 година, но сега останува „флексибилна“ откако сфати дека луѓето не се подготвени толку брзо да се откажат од автомобилите со мотори со внатрешно согорување.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER