Audi го лансира AUDI

Со претставувањето на новиот бренд за кинескиот пазар, Audi се откажа од прстените

Стратегија на Audi за Кина е потполно нова и помалку чудна. Новата марка сега се нарекува AUDI, го исфрла традиционалното лого со четири прстени со цел да ја сигнализира врската но и разликата со сестринската марка.

Овој потег означува нов почеток на кинескиот пазар, па за таа цел го претстави концептот AUDI E кого ќе го следат три сериски ЕВ во сегментите започнувајќи од средната класа. Од Инголштат порачуваат дека овој идентитет го нуди најдоброто од двата света и потенцираат на „непогрешливата Ауди ДНК што ги следи и исполнува кинеските иновации“.

Оваа порака да биде јасна допонително се објаснува со изјавата „AUDI е обликуван 100 проценти од ДНК на Audi и го отелотворува нашето мото „Vorsprung durch Technik“ (предност преку технологија) во ерата на електрични интелигентни поврзани возила“. Веројатно сега работите се појасни. AUDI е заедничко вложување помеѓу Audi и моќната кинеска компанија SAIC, предводена од Фермин Сонеира, поранешен шеф на производната линија на Audi за електрични модели.

Прикажаниот концепт е основа за три идни сериски модели кои се очекува да бидат претставени почнувајќи од средината на 2025 година. AUDI E е опишан како целосно електричен спортбек и „репер“ за новата генерација возила. Долг е 4.870 мм, широк 1.990 мм и висок 1.460 мм, со меѓуоскино растојание од 2.950 мм. Димензиите укажуваат дека е приближно исто со неодамна лансираниот Audi A5, иако дизајнерскиот јазик е различен за да биде прилагоден за кинеските купувачи.

Отсуството на логото со четири прстени е веднаш забележливо бидејќи е заменето со осветлени букви AUDI. Наместо традиционална решетка, концептот Е се одликува со црни рамки со напредни LED светлосни елементи и сензори за ADAS системите на возилото. Резултатот е лице кое е доволно познато за да се регистрира како Audi, но намерно стилизирано да сугерира дека е нешто друго.

Силуетата е дефинирана со широки, мускулести браници и течна линија на покривот типична за спортбек тело оформено помеѓу купе и караван. За предвидувањата ценовната политика и пласманот е уште рано да се зборува. Сепак, оптимизмот е движечката сила на ново формираната марка која очекува многу од кинескиот пазар.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER