e-Tron FE07
e- bolide
објавено 30. ноември 2020
Сезоната на Формула Е заврши, а уште е рано да се зборува за следната бидејќи започнува во последниот квартал на 2021. Ова натпреварување трае веќе седум сезони и се повеќе го свртува вниманието на себе. Мото спортот секогаш бил генератор на прогресот во автомобилската индустрија па не зачудува што електричниот циркус наликува на саем на техника.
Тимот на Audi веќе најави со што ќе влезе во електричната арена во следната сезона на Формула Е. E-Tron FЕ07 доби комплетно нов погон целосно развиен од домашното одделение за спорт. При развивањето на новата погонска единица, во фокус беше поголема ефикасност. Резултатот звучи ветувачки. Вкупната ефикасност на новата единица, која Audi ја нарекува MGU05, се состои од електричен мотор, еднобрзински менувач и инвертер, додека целата тежина е намалена. Audi e-Tron FE07 има нов дизајн во кој доминираат светло портокаловата и зелената боја. Забрзува до 100 км на час за само 2,8 секунди и има максимална брзина од 240 км на час. Formula E Е Audi ги направи своите први тест кругови заедно со електричните болиди на другите тимови во шампионатот на патеката во Валенсија. Потоа, тимот се утпатува за Јужна Америка, каде што на 16 јануари ќе се одржи отворањето на сезоната во Сантијаго де Чиле. Перформансите на електричниот болид се исто така ограничени. На квалификациите има 340 КС, додека на трката е 272 КС. Постои режим на ”напад” за возбудливи маневри на претекнување, со достапни 320 КС. Стандардната јаглеродна шасија од SRT (Spark Racing Technology) и стандардните батерии испорачани од McLaren дванаесетте тимови учесници не смеат да ги менуваат од причини на трошоците.
Производителите на Formula E само ги развиваат погонската група и задната суспензија. Светската тркачка серија се одржува на улични патеки во двојни сесии. Посебна карактеристика се однесува на двојните сесии во Саудиска Арабија. Ова е местото каде Формула Е ја одржува својата прва ноќна трка во својата седумгодишна историја. Во февруари, целата рута ќе биде преплавена со ЛЕД светло, чија енергија ќе доаѓа исклучиво од обновливи извори. И покрај осветлувањето, двете трки се неутрални во однос на климата.


