Audi EP4 – Принцот од Некарсулм

150 годишнината од постоењето на продукцискиот центар во Некарсулм се обележи со интересна преработка

Тим од 12 чираци работеше на трансформацијата на 52 години стариот NSU Prinz 4. Самото име на направената преработка е кованица каде што E означува електричен погон, додека P4 е референца за моделот што се произведуваше во Некарсулм од NSU Motorenwerke помеѓу 1961 и 1973 година.

Приправниците сакаа да изработат автомобил кој изгледа кул, но во исто време би бил соодветен да ја прослават 150-годишнината од продукцискиот центар. Така тие го избраа NSU Prinz 4 од 1971 година како основа за нивната работа. Проектот започна уште во јануари. На специјализантите прво им беше задолжено да изградат цврста основа за конверзија. Еден од најголемите предизвици беше корозијата.

Специјалисти за каросерија и боја успеаа да ја ревитализираат каросеријата и да и дадат нов живот. Ја обоија во сива и брилијантна црна боја, притоа ставајќи ја ознаката 150 на страните. Во меѓувреме, идните механичари работеа на погонската единица, батеријата и суспензијата, кои мораа да се реконструираат за да се вклопат во новата погонска група. Тие го сменија оригиналниот двоцилиндарски бензински мотор со 30 КС со електричен мотор со 239 коњи кој доаѓа од Audi e-tron од 2020 година.

Донаторот на батеријата беше plug-in хибриден Audi Q7 TFSI e Quattro. Таа е монтирана под предната хауба на EP4 наместо резервоарот за гориво. Со 3D печатење проширена е каросеријата, поставени се мускулести браници и широки тркала додека аспираторот е направен од јаглеродни влакна. Audi во Некарсулм произведува автомобили  околу 100 години. Судејќи според еланот што го покажуваат младите сили, производството ќе се одвива уште долго време.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER