Audi A6 Avant E-Tron Concept – Премиера

Елегантен луксузен караван

Audi со целосно електричната програма e-tron се фокусираше првенствено на спортските автомобили и теренци. На ред доаѓаат конвенционалните модели!

Во 2024 година, A6 Avant треба да биде новиот член на семејството e-tron. Господарот на прцтените покажува како ќе изгледа претстојниот електричен караван во високата средна класа. За нешто помалку од две години, серискиот модел ќе се појави на сцената на Саемот за автомобили во Женева, доколку се одржи, воведувајќи ја новата ера на електрични возила со високи перформанси. За сега ова е само најава и производителот не открива многу поединости.Она што дефинитивно е јасно дека Audi A6 Avant E-Tron ќе се приклучи на караванот кој треба претходно да се претстави, но јасно е дека концептот ја прикажува основата на надворешниот дизајн на идните претставници на Audi во БЕВ сегментот.

Audi останува вистинит и доследен на својот стил кога станува збор за дизајнот на каросеријата. Логично е и очекувано да има различна маска на ладилникот, која може да биде речиси целосно затворена поради електричниот погон. Сепак, јасно е дека предниот дел како и комплетната каросерија се замислени и обликувани да создадат што е можно помал воздушен отпор. Официјалните податоци покажуваат дека димензиите на Audi A6 Avant E-Tron Concept се многу блиску до сегашниот A6. Должината на возилото е 4,96 м, ширината 1,96 м, но со 1,44 м овој караван е прилично низок. Производителот наведува дека караванската форма на каросеријата со „отсечениот“ заден дел малку го расипала коефициентот на отпор и е нешто поголем отколку A6 Sportback E-Tron Concept е 0,22. Концептот е поставен на платформата Premium Platform Electric (PPE) за која многу се зборуваше. Таа ќе биде употребена кај веќе најавениот кросовер Audi Q6 e-tron, но ќе ја користи и Porsche. Погонот е сочинет со два електромотори со вкупно 469 КС и 800 Nm максимален вртежен момент.

Audi се уште официјално не го објави капацитетот на батеријата, но може да се претпостави дека ќе биде околу 100 kWh, со работен напон од 800 волти, способен да издржи брзо полнење до 270 kW што треба да овозможи за десет минути полнење да се поминат 300 километри. Веќе е јасно дека Audi ќе им понуди на клиентите различни опции за пренос на силата на задната или на двете оски. Првата би требала да спринта до 100 км/ч за околу седум секунди и ќе има автономија од 700 километри. За најмоќната верзија, Audi мистично најавува дека забрзувањето ќе биде „многу помалку“ од четири секунди!

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER