Audi A4 станува А5

Парните ознаки за струја, непарните за бензин

Audi A5 ја завршува својата кариера и наскоро својата ознака ќе ја препушти на наследникот на А4. Тој ќе биде првиот модел на марката прилагоден на новата номенклатура според  која парните бројки ќе бидат резервирани за моделите на струја, а непарните за оние на бензин и дизел, хибридизирани, секако. Audi веќе објави најавна фотографија од Avant верзијата на идниот А5 кој својата премиера ќе ја има утре. Според предвиденото сценарио нареден нов модел ќе биде A6 e-Tron, достапен во Sportback и Avant изведби, а потоа ќе следи и третата генерација на Q5. Вкупно годинава и идната Audi ќе лансира повеќе од 20 нови модели, од кои половината на струја.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER