Audi – рекорден квартал

Вести

Падобран во вистински час

Изминатата година заврши оптимистички за Audi.

објавено 13. јануари 2021

Иако продажбата на светско ниво падна за скоро 150.000 примероци на 1.692.773 возила (минус 8,3 проценти), компанијата го прогласи последниот квартал за најдобар во изминатата година. Вкупно 505.583 автомобили од марката беа испорачани од почетокот на октомври до крајот на декември. Audi исто така може да биде задоволен од развојот на ситуацијата во Кина. Во текот на годината, на клиентите им биле предадени 727.358 возила, за 5,4 проценти повеќе отколку во претходната година. Во Европа кај сите марки  падот е значителен. Тоа не го одмина ниту ”Господарот на прстените” со редукција од 19,5 проценти, на 619.723 единици во изминатите дванаесет месеци, а во САД негативата изнесува 16,7%, или продадени 186.620 возила. Компанијата со седиште во Инголштад може да се пофали со одличен раст на продажбата на електричните автомобили. Глобалната побарувачка за e-Tron се зголеми за 79,5 проценти со пласирани 47.324 единици. Оваа бројка треба во тековната година да забележи рапиден раст.