Четвртиот концепт подготвен за деби
Audi го најави претставувањето на концептот Activesphere, кој како четврти од серијата е кросовер со големи пропорции. Германската марка засега ни ја откри само силуетата која јасно го потврдува спортскиот формат на каросеријата. Има заоблена линија на покривот која започнува од ветробранското стакло и кулминира на задниот дел со тенка врата на багажникот, концентрирајќи ја кабината на големо меѓуоскино растојание. Стилистите на Audi се определија за долга хауба со нормален препуст напред, која не асоцира на електричниот погон на концептот. Предните светла кои се исклучително тенки се уште еден чекор низ софистицираната технологија на осветлување која Audi континуирано ја подобрува. Ентериерот е мистерија која се чува за презентацијата закажана за 26 јануари. Тогаш ќе дознаеме дали овој концепт ќе биде замена за Q8 или нешто сосема ново во асортиманот на марката.