Audi – Господарот на прстените влегува во Формула 1

Одржливоста и електрификацијата како предизвик

Еден од столбовите на Audi е мотоспортот. Од 2026 ќе ce отвори ново поглавие во својата историја со влегување во „најбрзиот циркус на светот“. Седиштето на тимот и производството на моторите ќе се одвива во Нојбург лоциран во близина на Инголштат. Дебито на тимот во Светскиот шампионат на ФИА Формула 1 ќе биде во знакот на новиот мотор на кого работата ќе започне во престојниот период.

Временската дистанца од три години се чини дека е долга, но тоа не го опушта раководството на Audi кое сака да дебитира во согласност со својот имиџ. „Мотоспортот е составен дел од ДНК-та на Audi“, вели Маркус Дузман. „Формула 1 е и глобална сцена за нашиот бренд и е многу предизвикувачки развојниот процес. Комбинацијата на високи перформанси и конкуренцијата е секогаш двигател на иновациите и трансферот на технологија во нашата индустрија. Со новите правила, сега е вистинското време да бидеме вклучени. На крајот на краиштата, Формула 1 и Ауди бараат јасно одржливи цели“. Клучот за вклучување во најпопуларната тркачка серија во светот е јасниот план мотоспортот да стане поодржлив и поекономичен.

Новите технички правила, кои ќе важат од 2026 година, се фокусираат на поголема електрификација и напредно гориво кое е поодржливо од тоа кое моментално се користи. Покрај постојното ограничување на трошоците за тимовите, во 2023 ќе се воведе и ограничување на трошоците за производителите на енергетски единици . Покрај тоа, Формула 1 си постави амбициозна цел да биде јаглеродно неутрална тркачка серија до 2030 година. Оливер Хофман, член на Одборот за технички развој изјави: „Со оглед на големите технолошки скокови што ги прави Формула 1 кон одржливост во 2026 година, можеме да зборуваме за нова Формула 1. Формула 1 се трансформира, а Audi сака активно да го поддржи ова патување. Блиска врска помеѓу нашиот проект Формула 1 и Техниката на AUDI AG ќе овозможи синергии“. Од 2026 година, излезната електрична енергија за енергетските единици, ке се состои од електричен мотор, батерија, контролна електроника и мотор со внатрешно согорување.

Електричниот мотор тогаш ќе биде речиси исто толку моќен како моторот со согорување, кој има моќност од околу 400 kW. Високо ефикасните 1,6-литарски турбо мотори работат на напредно гориво што е поодржливо – исто така предуслов за влез на Audi во серија. Моќната единица ќе биде изградена според најсовремената компетентност на Audi Sport во центарот за моторспорт во Нојбург каде веќе има тест клупи и за моторот во Ф1 како и за тестирање на електричниот мотор и батериите.  Адам Бејкер ќе го преземе управувањето со Формула 1 проектот како извршен директор. Како обучен инженер има извршувано одговорни задачи кај производители и тимови во мотоспортот. Audi до крајот на годинава ќе објави во кој тим ќе бидат ангажирани нивните „енергетски единици“.

 

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER