Aston Martin Vanquish Volante

Најбрзиот и најмоќниот кабриолет со преден мотор на светот

По повод 60 годишнината на моделот, Aston Martin ја претстави кабриолет верзијата на Vanquish. Исто како купето, така и Volante, е претставен како најбрзиот и најмоќниот сериски автомобил со преден мотор.

Добрите познавачи на овој сегмент ќе се запрашаат зарем не е тоа Ferrari 12Cilindri Spider? Тој има максимална брзина 340 км/ч и спринта до стотка за 2,9 секунди! Рака на срце, Aston Martin е малку побавен од место, апсолвирајќи го спринтот од 0-100 км/ч за 3,4 секунди, но крајната брзина му е за 4 км поголема од „разиграното коњче“ и бележи 344 км/ч.

Под хаубата се наоѓа 5,2-литарскиот V12 твин-турбо мотор на Vanquish, кој генерира громогласни 835 КС и 1.000 Nm вртежен момент преку осум степен автоматски менувач кој ја дистрибуира силата на задните тркала преку електронски надгледуван диференцијал.

Шасијата е засилена за да се надомести недостатокот на фиксен покрив, но зголемувањето на тежината, за овие прилики, е само 95 килограми во споредба со купето. Рамнотежата на тежината е променета, па инженерите на Aston Martin ја реконструираа суспензијата со адаптивните амортизери Bilstein DTX.

Изгледот е  субјективна работа, но Volante верзиите на моделите на Aston Martin обично се посекси од нивните купе каросерии. Таков е случајот и со новиот Vanquish Volante, при што покривот од ткаенина помага да сјаат пропорциите и ги истакнуваат извајаните линии на профилот.

Преклопливиот покрив за 14 секунди се спушта, иако е изработен од ткаенина акустично е подобрен, нуди споредлива топлинска изолација со купето. Внатрешноста со две седишта е пренесена од Vanquish. Опремата вклучува двојни екрани од 10,25 инчи и специјално дотеран аудио систем Bowers & Wilkins со 15 звучници.

Се разбира, купувачите имаат пристап до безброј опции за персонализација, а првите примероци стигаат во третиот квартал на годинава. Сепак Volante нема да се произведува во голем број, бидејќи целото семејство Vanquish ќе има производство од помалку од 1.000 примероци годишно.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER