Aston Martin Valkyrie » Сé оди според планот!

Top News Новитети

Сé оди според планот!

Во пресрет на првите испораки предвидени за втората половина од годинава, Aston Martin започна со тестирање на бруталниот Valkyrie на јавните патишта

Објавено на 21 март 2020 година

Aston Martin е еден од оние производители по чии автомобили апсолутно секој ќе се сврти. Посебно ако е ваков како Valkyrie, кој изгледа како НЛО. Според многумина тоа е најдобар автомобил кој видел асфалт во историјата, бидејќи сé друго или е само студија или пак наменето исклучиво за затворени патеки. Valkyrie не е таков. Тој е наменет за јавен сообраќај. Атмосферскиот 6,5 литарски V12 развиен во соработка со Cosworth нуди 1.000 KS и 740 Nm. На тоа се додава електропомошта од 160 KS и 280 Nm, кои заедно со соодносот на тежината и силата од 1:1 му даваат перформанси за кои е излишно да се зборува. Планирано е производство од 150 примероци кои сите се продадени по цена од 2,5 милиони фунти.

клучни зборови: ,