Aston Martin Valen – Провокативен во секој поглед (фото-галерија, видео)

Британската марка го претстави најсилниот модел со мотор напред во својата историјата

Иако е во финансиска криза, креативноста во Aston Martin не запира – најновото дело на нивните велемајстори се вика Valen и располага со 850 коњски сили, најмногу што досега ги имал некој нивни автомобил со мотор сместен напред. Наменет за пробрана клиентела, тој ќе биде произведен во 150 примероци, со цена која се проценува на 1,5 милиони фунти. Навиениот 5,2 литарски V12 битурбо мотор забрзувајќи го преку осумстепениот ZF менувач до 100 километри на час за 3 секунди ќе го дотера до максимални 344 km/h пред електронското ограничување да се активира.

Дизајн е во согласност со силата. На предниот дел доминира маската со решеткаста конструкција интегрирана во браникот кој ги обединува и сплитерот со отворите за воздух и дневните светла. Крилата се обликувани така да овозможуваат доток на воздух за ладење на сопирачките, а посебно атрактивно изгледаат бочните прагови со степенасти крилца. Брутален е и погледот назад каде доминираат двата пара издувни цевки над кои е провокативно решениот заден спојлер.

Внатрешноста секако е луксузна, со новодизајнирани седишта и интересна комбинација на црна, бела и портокалова боја. Испораките ќе започнат во вториот квартал 2027-ма година.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER