Aston Martin – V12 Vantage

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Лебедова песна испеана од моќен хор!

Јасните планови за електрификација го поттикнаа Aston Martin громогласно да го испрати звукот на октаните во историјата.

Ултимативниот V12 Vantage беше претставен како последен од својата лоза. Најавен во декември, тој веќе е распродаден – сите 333 примероци колку што се планирани си најдоа свои купувачи иако цената сé уште не се знае. Но она што се знае е дека неговото дванаесетцилиндрично срце во V-формација од своите 5,2 литри ќе испумпува 700 коњски сили. Тие во договор со осумстепениот менувач и диференцијалот со ограничено пролизгување, на патот до максималните 322 километри на час до првите сто ќе го лансираат за 3,5 секунди. За овие бројки е заслужно и намалувањето на тежината постигнато со користење делови направени од јагленородни влакна и композитни материјали – хаубата, багажникот, браниците, крилата, страничните прагови. Централно поставениот двоен издувен систем е од титаниум, а сопирачките карбон-керамички. Ослонувањето е рекалибрирано а каросеријата која е покрута се разликува од стандардниот модел по агресивните аеродинамички додатоци. Внатрешноста е облагородена со спортски седишта и алкантара, а целиот пакет заокружен со фактот дека ова е најмоќниот и најбрз Vantage направен било кога.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 90.00 ден
  • еуросупер 98 - 92.00 ден
  • еуродизел Д5 - 90.00 ден
  • течен нафтен гас - 53.00 ден
  • метан - 161.50 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER