Извршниот директор на Aston Martin, Адријан Холмарк, има чуден, но по сé судејќи, делотворен план да го спаси брендот.
Помалку работа, повеќе пари! Дали е тоа можно? Според навидум налудничавиот план за сочувување на профитабилноста, новиот извршен директор на Aston Martin, тврди дека тоа е можно.
Искусниот менаџер во автомобилскиот бизнис оваа формула веќе ја има аплицирано во Bentley, што ја извади компанијата на хоризонтот на профитабилноста. Сега сака тој принцип да го примени и во Aston Martin. Тој постави временска рамка од 12 до 18 месеци за да ја насочи компанијата, која се бори со проблемот со профитабилноста од нејзиното основање, цели 112 години.
Основата на неговата стратегија се богатите купувачи чие богатство се зголемило и до четири пати во последните две децении. Според Холмарк брендот ќе се фокусира на создавање на нови деривати врз основа на постоечките модели за да обезбеди раст на профитабилноста.Како поранешен извршен директор на Bentley, тој одигра клучна улога во нејзиниот финансиски пресврт, а сега го презема она што може да биде негов најголем предизвик досега.
За Холмарк мисијата да го направи Aston Martin одржливо профитабилен за прв пат по повеќе од еден век е „неодолива“.Тој не очекува дека за оваа куса временска рамка ќе испорача финансиски перформанси на ниво на Ferrari, но реструктуирањето ќе биде во вистинската насока до местото каде што компанијата ќе работи правилно. Холмарк не постави конкретна цел за тоа кога Aston Martin ќе стане профитабилен, но јасно стави до знаење дека бркањето повисоки бројки на продажба не е приоритет.
Наместо тоа, фокусот е на подобрување на создавањето вредност, во суштина правејќи го секој автомобил попрофитабилен наместо само да продава повеќе примероци. Тој планира да има раст на обемот на производство, но исто така ќе воведе и повеќе деривати на постоечките модели. Aston Martin лансираше четири нови модели во последните 18 месециод кои компанијата изгуби 30-40% од својот капацитет бидејќи мораше да го забави производството.
Неговиот план е Aston Martin да се фокусира на лансирање на нови деривати на новите модели.Додавањето поспортски верзии или полуксузни, читајте поскапи, е маргинално зголемување на сложеноста во производството. Оваа „фаза на микро лансирање“ ќе вклучува најмалку две нови верзии на Valhalla со среден мотор.
Според Холмарк, еден фактор работи во корист на Aston Martin, а тоа е зголемениот број на ултра богати купувачи кои можат да си дозволат автомобили во ценовниот опсег на Aston Martin, а нивното просечно богатство се зголемило за четири пати во текот на изминатите две децении.
Со други зборови, има повеќе потенцијални клиенти од кога било досега кои се подготвени да потрошат многу пари на Vanquish, кросовер како DBX или на хипер-автомобилот Valhala.


