Возењето и алкохолот не одат заедно, но тоа не важи за британските господа
Формула 1 тимот на Aston Martin и шкотската дестилерија Glenfiddich објавија долгорочно партнерството. Оваа компанија основана пред 138 години важи за ексклузивен производител на сингл молт шкотско виски и е под контрола на петтата генерација на семејството Грант.
Процесот на производство и потеклото на суровините и водата строго се контролирани, а казаните во кои се дестилира и бурињата во кои вискито се чува ги прават самите. Најголем дел од производството е виски старо од 12 до 21 година, а најскапото е ексклузивната 50-годишна серија од која едно шише од 0,7 литри чини триесет илјади фунти.
Почетокот на историската соработка со Aston Martin беше одбележано со дегустација на виски чие буре се чувало цели 65 години