Млак одговор на Aston Martin на италијанската конкуренција
Aston Martin многу се надеваше од својот кросовер DBX но попусто – иако е одличен производ и имаше добар стар на продажбата, италијанските ривали просто ги згазија нивните амбиции. Затоа иако малку задоцнето Британците го унапредија со малку посилен мотор и помала тежина. Не многу, но доволно да понесе суфикс S во ознаката кој кажува дека DBX сега има 727 коњски сили и е за добри 47 килограми полесен. Сепак тоа е доволно само за подобрување на забрзувањето до 200 km/h – бројките до сто и за максималната брзина останаа исти.
Од останатите технички измени од Aston Martin ги споменуваат ремапирањето на деветстепениот автоматски менувач, наново програмираните режими на возење и карбон-керамичките кочни дискови кои се дел од стандардната опрема. За да се намали тежината DBX S доби нов покрив од карбонски влакна и маска од истиот материјал, а 23-инчните тркала се направени од магнезиум.
Колку овие зафати ќе се одразат на буџетот на купувачите не е познато, но тоа сигурно нема да биде малку. Повеќе детали ќе дознаеме при крајот на годинава кога ќе започне производството, додека првите испораки се испланирани за почетокот на 2026-та.




