Aston Martin – BDR22

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

V12 уште ќе грми!

Концепт што покажува дека Aston Martin не се откажува од моќните бензинци и инженерска перфекција

На претстојниот автомобилски викенд во Монтереј британската иконска марка ќе го претстави DBR22 кого има во план да го произведе во ограничен број. Се уште не се знае колку примероци ќе бидат направени, но од приложените рендери веќе е јасно дека е наменет само за пасионирани колекционери со дебело банкарско конто.

Во 109 годишната историја на марката има повеќе примери за вакви мали серии, но како што најавуваат од Гејдон, спектакуларниот DBR22  ќе биде мешавина на класичниот дизајн на автомобил инспириран од минатите модели со ултра модерни материјали, деизајнерска чистота, прецизност, извонредни карактеристики и вистинска страст. Не е изненадување што престојната реализација на овој проект е предвидено да има V12 мотор кој на каросеријата со две седишта ќе и даде фасцинантни перформанси.

Потентниот 5,2 литрен твин-турбо агрегат е исто толку извонреден како и изгледот. Неговите 715 коњи и 753Nm ја ловат „стотката“ за 3,4 секунди а максималната брзина е ограничена на 319 км/ч. Бидејќи е двосед, дизајнерите се погрижија опкружувањето на возачот и патникот да биде мешавина на племенитата завршна обработка и најновите технолошки достигнувања за да се формира нешто сосема уникатно. Кога ќе биде првиот примерок готов не е јасно, но нема да биде годинава.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER