Јапонски и европски
За хипер автомобилите нема зима
објавено 05. јануари 2021
Јапонскиот хиперавтомобил Aspark Owl сега може да ja восхитува јавноста во изложбениот салон во близина на седиштето на компанијата во Осака. Со тоа почна официјално да се продава по цена повисока од три милиони евра. Иако се чини астрономска, фактурата ги содржи податоците кои се меѓу најдобрите на планетава. Хипер спортскиот електричен автомобил достига максимални 400 км/час со помош на 2012 КС и се смета за светски шампион во забрзување. На тркачката патека во Мисано (Италија), ”Бувот” го прелета спринтот од 0 до 60 миљи на час за 1,72 секунди. Давателот на инженерска услуга Aspark сака да изгради 50 примероци од „Бувот“. Иако јапонски, овој хипер автомобил се произведува во Торино. Планирани се по 20 парчиња за Европа, како и за Блискиот исток и Азија од кои треба да се влеат на сметката повеќе до 150 милиони евра!



