Aral Futura – Био гориво со 25% помалку СО2

Германскиот Арал го проширува пилот-проектот за своите горива со помала емисија на CO2.

Германските производители на енергенси забрзано работат да помогнат на опстанокот на моторите со внатрешно согорување. Еден од нив е Арал кој го шири присуството на своето био гориво низ Германија.

Горивата Aral Futura Super 95 и Aral Futura Diesel намалуваат најмалку 25 проценти од емисиите на CO2 во споредба со чистите фосилни горива. Тие содржат 30 проценти висококвалитетни компоненти за обновливи горива, вклучувајќи напредни биокомпоненти.Пилот проектот кој беше пуштен на две локации, во Берлин и Дизелдорф, покажува дека клиентите на Aral одлично ја прифаќаат новата понуда.

До крајот на годинава Арал значително ќе ја зголеми присутноста на двете био горива низ повеќе градови во Германија. Овие горива придонесуваат да се намали негативниот отисок и емисијата на СО2 од моторите со внатрешно согорување за 25%. Производителот на енергенси тврди дека неговото био гориво ги надминува сегашните горива Е10 или Б7.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER