Aprilia Tuono V4

Моторцикли насловна

Гол фајтер

Пролетта конечно пристигнува со сиот свој раскош, а со неа и двеата близнаци на Aprilia

објавено 04. мај 2021

Меѓу нив е и обновениот Tuono V4, кој доби сличен третман како и претходно супербајк моделот RSV4. Стритфајтерот на Aprilia сега има освежен изглед и низа унапредувања, но најважно е тоа дека разликата меѓу стандардната и Factory верзијата сега е појасно повлечена. Доволен е само еден поглед на новиот Tuono V4 за да се забележи подобрувањето на оклопот од кој излегува новата алуминиумска вилушка. Сепак фанатичните вљубеници во италијанската марка ќе останат благо разочарани бидејќи агрегатот остана непроменет.

Но искрено, немаше ни потреба – тој од своите 1.077 кубни сантиметри со почитување на Еуро 5 нормите извлекува одлични 175 коњски сили и 121 њутн-метри максимален вртежен момент. Затоа пак пакетот електроника која ги контролира е сериозно подобрен. Нови се системот за контрола на работата на моторот и инерцијалната мерна единица кои со подобрениот софтвер ставаат на располагање шест режими на возење, три за патека и три за секој ден. Тие кај Tuono V4 повеќе се фокусирани на крстосувачки возења заради што има повисок ветробран и поголемо седиште, додека кај Factory едицијата акцентот е на спортското задоволство. Разлика има и кај ослонувањето – тоа кај стандардниот модел е механичко, за разлика од полуактивното Ohlins кај V4 Factory. Мислено е и на многу ситни работи како што се автоматските светла или пак сите четири трепкачи кои во случај на итно сопирање сами се активираат. Збогатен е и списокот опционални додатоци, а цената очекувано порасна. Така Tuono V4 сега чини 17 илјади евра, а V4 Factory цели 20 илјади.