Шест месеци траеше потрагата на Stellantis по нов главен извршен директор
Откако заврши контроверзното владеење на Карлос Таварес, Stellantis бара спас од сопствените редови. Тоа е искусниот Антонио Филоса кој стапува на кормиларската позиција на групацијата на 23-ти јуни.
Тој има блескава 25 годишна кариера во автомобилската индустрија надградувајќи го своето искуство насекаде низ светот. Антонио Филоса беше на челната позиција на Stellantis во Јужна Америка каде го доведе FIAT на лидерската позиција на пазарот на континентот и допринесе за значаен раст на продажбата на Peugeot, Citroën, Ram и Jeep.
Потоа е префрлен да го води брендот Jeep. Под негово водство направи моделите на американската теренска икона да бидат глобално присутни. За постигнатите успеси, доверено му е управувањето со сите операции на Stellantis во Северна и Јужна Америка. На тоа место официјално се задржа шест месеци по што, вчера, е назначен за главен извршен директор.
Упатените велат дека Стелоса неофицијално ја водеше групацијата уште од средината на март, кога управниот одбор негативно ги оцени останатите кандидати за оваа позиција. До официјалното стапување на позицијата Филоса треба да ги избере своите најблиски соработници и оние што ќе ги водат 14-те бренда на групацијата


