AMG – IWC

Занимливости

Пилот инспириран од перформанси

Долгогодишното партнерство продолжува со нова серија часовници

објавено 23. мај 2021

Кога две големи имиња соработуваат резултатот се врвни перформанси и безвременски вредности. Таков е случајот на партнерството помеѓу легендарните AMG, докажан во изработка на ултимативни спортскo-луксузни рафинати на Mercedes и часовничарската икона од Шафхаузен IWC. Спојот на автомобил и часовник не е случаен. И кај двата производа, се разбира кога се зборува за мајстори на својот занает, императив е употреба на најдобрите материјали и механизми.

Изработен од автомобилски материјали, новото издание на серијата Pilot AMG има титаниумско куќиште од 43 милиметри и бројчаник од јаглеродни влакна. Меѓу нив сместен е механизмот калибар 69385 произведен од IWC, што дава прецизно движење и мерење на времето со хронограф. Pilot’s Watch Chronograph Edition AMG има стаклен под на кого е изгравирано логото на AMG, има две годишна гаранција која може да се продолжи, со адекватна надокнада, за уште четири години. Цената соодејствува на двете големи имиња, а сопствениците на ”перформансните ѕвезди“ и љуботели на часовници нема да жалат 9.990 швајцарски франци да го носат на рака.