Alpine Alpenglow – Предвидување за иднината

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Алпски мугри

Прво за името – Alpenglow се нарекува црвенкастиот сјај над планините непосредно пред изгревањето на сонцето или на нашки кажано, алпски мугри. Со тоа аналогијата е јасна – почеток на нова ера за Alpine. Футуристичкиот концепт на хиперавтомобил со впечатливи пропорции и водородна погонска група не е предвиден за производство и претставува само најава за иднината на францускиот бренд. Alpenglow привлекува внимание од сите агли кои на должината од преку пет метри, широчината од над два но и висината помала од метар ги има многу. Се истакнува и светлосниот потпис на обата краја на возилото, како и црвените светла напред кои симболизираат влегување на комета во атмосферата. Задните светла пак се во сина боја што треба да го наговести водородниот погонски систем.

Alpenglow е едносед, со возач на централната позиција меѓу двојните резервоари за водород во облик на капки вода. Кокпитот изведен во стил на кацига е провиден, исто како и некои други надворешни и внатрешни делови. Задното крило е активно, тркала се во облик на снегулка а педалите, капакот на моторот и клучот за стартување во облик на призма. Накратко кажано, дизајнерска перфекција за чии елементи од Alpine велат дека ќе бидат опфатени во нивниот иден дизајнерски јазик. Боите и материјалите во концептот инспирирани од природни елементи исто така се во план за користење.

Технички детали за погонот на водород скоро и да нема, но тоа во овој момент не е ни битно, нели?

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.00 ден
  • еуросупер 98 - 82.50 ден
  • еуродизел Д5 - 81.50 ден
  • течен нафтен гас - 50.00 ден
  • метан - 123.50 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER