Одамна не се слушнале ништо од Alfa Romeo…
Конечно некоја вест за алфистите – Alfa Romeo го претстави освежениот Tonale. Сега попривлечен и побогато опремен, новиот модел донесува редизајниран браник на кој регистарската табличка е централно сместена. Трагите на тркалата и напред и назад се проширени, а сменети се и светлата.
Патничкиот простор е обогатен со подобри материјали и нови детали, а централната конзола е редизајнирана. Сменети се графичките прикази на дигиталната контролна табли и мултимедискиот систем а опремата збогатена со камери со видно поле од 360°, систем за полуавтоматско паркирање и безжично полнење телефон.
Ажурирана е и понудата на погонски агрегати. Хибридните верзии ги задвижува 1,5 литарски турбо со 175 коњски сили кај 48-волтната односно 190 и 270 коњи кај плаг-ин изведбата а за љубителите на дизел возењето на располагање е 1,6 литарски агрегат со 130 KS. Цените стартуваат од 38.000 евра.