Alfa Romeo – Stelvio Veloce Ti

Allegro alla Alfa

Мали радости за потполно задоволство

објавено 11. декември 2020

Акронимот Ti (Turismo Internazionale)  секогаш е резервиран за модели со типична италијанска елеганција, додека Veloce се употребува за верзии со најдобри перформанси. Alfa Romeo ја најави новата едиција на Stelvio токму со овие епитети за следната година. Технички базирана на Quadrifoglio изведбата, Stelvio Veloce Ti е надградена со по ефикасни мотори кои ја задоволуваат нормата E6d. Истите ќе може да се најдат и во Giulia.   Stelvio Veloce Ti има нови браници и опционални 21 инчни тркала. Во интериерот забележливи се алуминиумски прекинувачи за менување на преносите на воланот, спортски седишта со кожа или алкантара и површини направени од јагленородни влакна. За очекување беше дека ќе се употреби ”тешката алтилерија” за овој модел кој доаѓа со дволитрениот турбо-бензинец со 280 коњи чии четири цилиндри се направени во целост од алуминиум. Впарен е со осум степена автоматика и Q4 погон на сите тркала. Како што доликува на модерните трендови Stelvio Veloce Ti ја содржи врвната електроника за безбедност, возни својства и конективноста.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER