Alfa Romeo Junior Sport Speciale (видео, фото-галерија)

Пријатни вести од Alfa Romeo – компактниот Junior доби посебно издание

Веќе самата ознака Sport Speciale кажува дека е направен да додаде уште малку стил на и онака симпатичниот кросовер. Надворешноста ја карактеризираат сјајни црни акценти истакнати со сребрени инсерти на браниците и праговите. Тркалата се впечатливи а задните стакла затемнети. Посебно допадливо е што опционалниот црн покрив може да се комбинира со било која боја на каросеријата.

Предните седишта се електрично подесливи и загревани, со извезен логотип на марката на наслоните за глава. За визуелно облагородување нашироко е користена алкантара со контрастни шевови а педалите и плочките на праговите се алуминиумски. Покрај панорамскиот покрив за комплетно задоволство е наменет опционалниот технолошки пакет кој вклучува адаптивен темпомат, електрично отворање на багажникот, камера за возење наназад и други нешта.

За жал измени во механиката нема.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER