Alfa Romeo – Две светски премиери во Брисел

Специјалната серија Intensa наменета за Stelvio и Tonale и Junior Ibrida Q4 се ѕвездите на штандот на Миланезите

На 101-то издание на Брисел мотор шоу Alfa Romeo најавува дека годинава ќе има со што да се пофали. Покрај ланското лансирањето на Tonale и Junior продолжува офанзивата со специјални остварувања со што компанијата покажува дека лошите години се зад неа и гледа нова перспектива со својата млада гама модели.

Stelvio Intensa

Италијаните се мајстори за дотерување, особено на своите автомобили. Специјалната серија Intesa дава омаж на идентитетот на марката преку ексклузивни дизајнерски остварувања и детали комбинирани со технолошки решенија за да се подобри возачкото искуство.

Tonale Intensa

Сега опременоста Intensa е достапна кај сите актуелни модели на Alfa Romeo. Со лансирањето на изведбата Junior Q4 неодамна претставениот компактен кросовер е модел со најмногу изведби во сегментот. На постоечката 48 волтна хибридна изведба со 1,2 литрениот турбо-бензинец од 136 коњи кој има интегриран електро-мотор во шест степената автоматска трансмисија со двојна спојка.

Junior Ibrida Q4

На тоа додаден е уште еден електро-мотор силен 21 kW на задната оска. Тој е опремен со менувач кој е способен, како што тврди Alfa Romeo, да испорача и до 1.900 Nm вртежен момент. Така е добиен погон на сите тркала без физичко поврзување на предната и задната оска. Оваа конфигурација нуди оптимално распределување на вртежниот момент на сите тркала и обезбедува одлични возни својства во сите временски услови.

Junior Ibrida Q4

Вака стокмената Ibrida Q4 постигнува максимални 206 км/ч, а спринтот до стотка го постигнува за 8,9 секунди. На пазарот оваа верзија би требало да чини 4.000 повеќе од изведбата со погон на предните тркала.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER