Од Италија, со љубов за Италија
Автомобилите на Alfa Romeo ги пречекаа многубројните гости на прославата по повод националниот ден на Италија
Објавено на 6 јуни 2019 година
Alfa Romeo беше дел од централната прослава по повод денот на републиката во организација на амбасадата на Италија. Моделите на оваа италијанска марка автомобили ги пречекаа многубројните гости на централната прослава, автентично доловувајќи го духот на Италија. Alfa Romeo освојува на прв поглед, таа е марка која креира оригинални ремек-дела со воодушевувачки италијански стил, дизајн и технологија. Надвор од границите на својата категорија, Stelvio имаше можност да го претстави својот силен идентитет и чувство на легендарно италијанско наследство. Потребен е само еден поглед да се препознаат карактеристичниот преден триаголник, мускулестите странични линии и заден браник, сите избалансирани со идеално чувство на совршена пропорција и хармонични површини. Тој е комбинација од сета удобност и флексибилност на SUV со нескротливиот спортски дух кој само вистинскиот Alfa Romeo може да го понуди. Со својата иновативна платформа, Stelvio одлично го соединува држењето на патот на еден спортски автомобил со комфорот на еден традиционален SUV.
Уникатна приказна креирана цел век наназад е Giulia, која ги придвижува емоциите во комбинација со богатата историја и магичниот микс од врвна технологија, перформанси инспирирани од брзина и заводнички стил. Италијанскиот пристап кон дизајнот комбинира едноставност, квалитетни материјали и занаетчиска посветеност, а оваа убавица е икона на италијанскиот дизајн.