Во април Alfa Romeo ќе го претстави новиот кросовер кој ќе има и електрична верзија
Milano е името на новиот модел на Alfa Romeo, со кого марката ќе се врати во субкомпактниот сегмент. До 2018-та таму беше присутен Mi-To, а идната година новиот модел ќе има малку поинаква каросерија и ќе биде кросовер. Како што прилега на темпераментот на италијанскиот шармер, дури го менува значењето на акронимот SUV.
Наместо Sport Utility Vehicle, Milano ќе биде Sport Urban Vehicle! Името Милано не е случајно избрано, и овде се враќаат старите традиции, на крајот на краиштата, Alfa Romeo беше основана во Милано на 24 јуни 1910 година. Со цел да ги придобие старите и новите клиенти, компанијата го зазема современиот курс и ќе го нуди Milano како хибрид и ЕВ. Според планот, до 2027 година сите модели на Alfa Romeo треба да бидат исклучиво на електричен погон.