Алфа или Омега?

Алфа или Омега?

Проблемите во FCA групацијата не ја одминаа ниту Alfa Romeo
Објавено на 14 јуни 2018 година

Не само Chrysler и Fiat, туку и Alfa Romeo ќе се најде на удар на присилните мерки за заздравување. Планот што на почетокот на месецов го објави Маркјоне е јасен околу тоа прашање, но дел од деталите не се споменати во него. Она што се спомена е дека малиот MiTo ќе замине во пензија. Како причина се наведува неговото скапо производство и потребата за ослободување на капацитетите за поголемите автомобили на групата, пред сé новите модели на Maserati и Jeep кои носат повеќе пари. Она што не се спомена е дека MiTo лани во Европа се продаде во 11.367 примероци. Послаба од очекувањата беше и продажбата на Giulia, која исто како и новиот Stelvio континуирано ја следат проблеми со квалитетот. Затоа и Alfa не ги исполни очекувањата на Маркјоне, кои за ланската 2017-та година се движеа околу 170.000 возила ширум светот. До наведената бројка фалеа 20-тина илјади, што заедно со слабиот пласман во САД доведе до целокупно разочарување во перформансите на марката.

Оптимизмот сепак се гледа во новите најавени модели, кои реално нема да се појават на пазарот пред 2020-тата година. А дотогаш којзнае што ќе направи Маркјоне, ако остане на чело на групата. Да се потсетиме, тој во планот за ревитализација објавен 2014-та очекуваше дека годинава Alfa ќе има гама од осум модели и продажба од 400.000 возила глобално. Тогаш беа ветени и 5 милијарди евра инвестиции. Во 2016-та целите беа променети, но и такви останаа далеку од реалноста.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER