Акио Тојода повторно без влакна на јазикот

Вести

Која е цената на електрификацијата?

Шефот на Toyota смета дека со транзицијата кон електричните возила без своите работни места ќе останат милиони Јапонци

Објавено на 22 септември 2021 година

Шефот на Toyota Акио Тојода, повторно без влакна на јазикот. Тој на еден од последните состаноци на јапонската асоцијација на производители на автомобили JAMA чиј прв човек е, предупреди дека претерано ревносните еколошки цели кои ги форсираат јапонските власти се неодржливи. Во своето тврдење тој беше доста прецизен – транзицијата кон електричните возила со своите работни места ќе ја платат пет ипол милиони луѓе, а производителите ќе забележат помала продажба од 8 милиони возила. Затоа, смета тој, во планот за постигнување климатска неутралност јапонските власти треба да ги земат предвид реалните околности кои подразбираат дека домашниот економски систем е базиран на индустриското производство и извозот. Доколку тоа не се случи компаниите ќе мора да го преселат производството на неелектрични возила надвор од земјата за да ги задржат пазарите на кои тие сé уште ќе се бараат.