Акционерите го тужат Stellantis поради кратење на профитот

Во тужбата како обвинети се именувани извршниот директор на Stellantis Карлос Таварес и финансиската директорка Натали Најт.

По падот на оперативните приходи на Stellantis за 40% во првата половина на 2024 година, акционерите покренаа тужба против компанијата. Поднесена во јужниот округ на Њујорк во неа се тврди дека Stellantis вештачки ја зголемил цената на акциите во поголемиот дел од 2024 година со постојано правење „премногу позитивни“ проценки за залихите, нивото на цените, новите производи и оперативната маржа.

Natalie Knight CFO Stellantis

Кога беа објавени финансиските резултати, беше откриено дека проектираниот оперативен приход поголем од 12 милијарди евра паднал за 40%, на 8,46 милијарди евра, а вредноста на акциите на Stellantis се намали за повеќе од 7%. Од Stellantis  изјавија дека тужбата е без основа и дека компанијата има намера енергично да се брани. Вреди да се напомене дека акционерите често ги тужат компаниите со чии акции се тргува на берзата во Соединетите држави по неочекуваниот пад на цената на акциите, и нема гаранција дека оваа тужба против Стелантис ќе се покаже како успешна. Сепак, јасно е дека Stellantis се бори.

Carlos Tavares CEO Stellantis

Во последниве месеци, најмалку пет директори ја напуштија групацијата, а во средината на јули, Stellantis го тужеше четвртиот по големина добавувач поради неодамнешните зголемувања на цените. Извршниот директор на Stellantis, Карлос Таварес, навести потенцијална продажба на брендовите со слаби перформанси, додека финансиската директорка Натали Најт укажа на можноста за намалување на производството и прилагодување на цените на возилата.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER