Автокоптер
Се поблиску е денот кога автомобилите ќе летаат
објавено 8. февруари 2021
Најавен помпезно како првиот летечки тркачки автомобил на струја Airspeeder се уште е во без пилотна фаза и со него се управува по пат на далечински команди. Всушност, задачата на Airspeeder Mk3, кој полетува и слетува вертикално, е да формира еден сосема нов спорт кој ќе биде во функција на развој и популаризација на новата револуција во воздушната мобилност. Прототипот е направен за три години, а во моментов се работи на повеќе од 10 идентични тркачки летала кои ќе бидат произведени и испорачани на тимови во текот на годинава. Дека ова е тежок и сериозен проект се гледа по тимот составен од водечки имиња во воздушната, автомобилската и мотор-спорт технологија, како Mclaren, Babcock Aviation, Boeing, Jaguar Land Rover, Rolls-Royce and Brabham.
Почетокот на тркачката серија Airspeeder Mk3 ќе биде објавена во наредните месеци. Овие трки со далечинско управувани летала за прв пат ќе му се претстават на светот со натпревар во кружни траектори на летање со брзина поголема од 120 км/ч. Mk3 трките ќе обезбедат витални информации за динамиката на возилото, перформансите, безбедноста и технологијата на погонскиот систем, што ќе се искористат во конечниот развој на возилото Mk4 Airspeeder со екипаж како и забрзувањето на доаѓањето на eVTOL технологиите кои ветуваат револуција во мобилноста на урбаниот превоз, логистиката, па дури и далечинскиот медицински транспорт. За оние кои се љубопитни за технички податоци се издвојува погонскиот агрегат на Mk3 со моќност зголемена за 95% со само 50% зголемување на тежината во однос на претходникот Mk2. Електричен погон од 96 kW го покренува летечкиот автомобил кој тежи само 100KG. Моторот задвижува двојни пропелери поставени во Х формација, архотектура што формира октакоптер. Тоа обезбедува значителни предности во маневрирањето и стабилноста на леталото. Кога се трка, пилотот ќе може да примени остар стил на управување, но со додадена трета димензија. Бидејќи се работи за тркачка серија од големо значење е брзината на полнењето на батериите. Производителот на Airspeeder, австралијската компанија Alauda, поради чести и брзи влегувања во бокс по напојување разви иновативен систем „лизни и заклучи“ за брзо отстранување на истрошените и замена со полни батериите.
Со овој пристап тимовите ќе можат да ја прилагодат стратегијата на батеријата во зависност од динамичките барања на тој одреден дел од трката. На пример, за движења кои бараат поголема маневрирање, но помалку брзина на права линија, полесниот пакет батерии може лесно да се избере за да се обезбеди поголема маневрирање по цена на сирова моќност или издржливост. Хоризонтот на употреба на вакви возила е голем, но далеку е од масовно користење поради комплексните безбедносни и информативни технологии како и регулатива и едукација неопходни за масовна употреба.


